Тенисерката Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Швајнштајгер ќе станат родители по вторпат.
Овие радосни вести, парот ги сподели на социјалните мрежи.
„Нашите срца ќе пукнат од радост. Ќе имаме уште еден „додаток“ во нашето семејство“ напиша Ана на „Инстаграм“.
Парот во март претходната година го доби синот Лука, а наскоро ќе добие уште едно бебе.
Ивановиќ на ист начин објави дека е бремена, како и првиот пат, односно објави фотографија со четири патики.