Радио Милева

Ана Ивановиќ го покажа трудничкото стомаче (фото)

Ана Ивановиќ го покажа трудничкото стомаче (фото)

Ана Ивановиќ, поранешна српска тенисерка и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер пред два месеци обелоденија дека повторно ќе станат родители. Гордата мајка на Инстаграм со пријателите споделила фотогрaфија на која го покажува трудничкиот стомак.

Инаку Ана и Бастијан се венчаа во 2016 година, а лани во март станаа родители и го добија синот Лука.

Двојката во моментот живее во Цирих, а во една прилика Ана изјавила дека од родната Србија ѝ недостасува домашната храна и шетањето покрај реката во Белград.

На најновата фотографија која ја објави на социјалните мрежи идната мама го покажа трудничкото стомаче.

„Секогаш во акција“ напиша тенисерката.

фото: Принтскрин/инстаграм
To top