Радио Милева фотографии од спаланата соба

Ана Ивановиќ го покажа стомачето па, фановите и порачаа: „Блескаш како никогаш досега“ (фото)

Ана Ивановиќ го покажа стомачето па, фановите и порачаа: „Блескаш како никогаш досега“ (фото)

Поранешната тенисерка и една од најубавите спортистки во светот трудничките денови ги поминува во малото гратче Вестендорф, во австриската провинција Тирол, каде од неодамна поседува пространа вила со сопругот Бастијан Швајнштајгер и синовите Лука и Леон.

Сега на нејзиниот Инстаграм профил, објави фотографии направени во спалната соба, на кои гордо се истакнува нејзиниот труднички стомак.

Имено, како и остатокот од нејзиниот дом, така и оваа соба е во модерен стил, без премногу детали, а беж-палетата внесува топлина и мир во собата. Во преден план секако е Ана која апсолутно блеска во третата бременост и во седмиот месец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

– Благодарна, возбудена, среќна… Така се чувствувам во последно време – напишала Ана Ивановиќ покрај фотографиите на кои е во едноставна бела маица и фармерки.

 „Блескаш како никогаш досега“ – и порачаа и нејзините следбеници под објавата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Ивановиќ

To top