Радио Милева бомбастична

Ања Бла, девојката на најпознатиот српски јутјубер Бака Прасе славеше роденден: „Порно индустријата плаче за тебе“ (ФОТО)

Ања Бла, девојката на најпознатиот српски јутјубер Бака Прасе славеше роденден: „Порно индустријата плаче за тебе“ (ФОТО)

Ања Благојевиќ, попозната како Ања Бла, има речиси милион следбеници на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок, а вниманието на пошироката јавност го привлече како девојка на најпознатиот јутјубер во регионот Богдан Илиќ, кого сите го знаат под прекарот Бака Прасе.

Богдан ја изнесе својата сакана на романтична вечера по повод нејзиниот роденден, а интимната атмосфера ја споделија на своите Инстаграм.

 

– Среќен роденден љубов – напиша Бака покрај фотографијата на Ања, а потоа додаде:

– Нема да посакувам да и се остварат сите желби, бидејќи јас веќе сам и ги исполнив.

По потекло од Добој, младата дваесет и двегодишна девојка ги навикна своите бројни следбеници на социјалните платформи на повеќе од смели фотографии, кои често предизвикуваат контроверзни и перверзни коментари.

Во една од последните објави, Ања позира на брегот на морето, во сиви, минијатурни танга гаќички, кои малку оставаат на имагинацијата, што предизвика нова лавина коментари.

– Порно индустријата плаче по тебе – гласи еден од нив.

Фото: Инстаграм принтскрин/anjablaa

To top