Пејачката Ана Бекута вели дека естрадата е во тешка финансиска криза и дека музичарите ќе мора да се навикнат да живеат скромно, да издржат со мала сума на пари од еден месец до друг.
Ана откри какви мисли и поминуваат низ главата овие денови. Таа пред неколку дена објави дека и недостигаат дружењата со публиката, а сега го откри и својот став.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/ana-bekuta.jpg)
„Ме растажува што моите пораки во јавност изгледаат како да кукам што немам работа. Не, не кукам и не работам. Која сум јас да се жалам покрај илјадници заболени кои се борат за живот? Која сум јас да се жалам покрај нашите доктори кои секој ден неуморно работат за мизерни плати и си го ризикуваат животот. Зад себе имам 35 години кариера и цел живот. Имаше и добри и лоши денови. Среќна сум што заработив работејќи ја работата што ја сакам. Затоа е страшно што колегите навиваат да се отворат клубовите за да можеме повторно да пееме. Дали сте нормални? Ниту еден човечки живот не вреди за нечиј настап, за нечија кариера“ вели Бекута и додава:
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/ana-bekuta2.jpg)
„ Сите зла завршија и ова ќе помине. Да, веројатно ќе останеме без пари. Работите што биле секојдневие веројатно ќе станат луксуз за нас. Можеби сите ќе почувствуваме како е да се има мала количина на пари од први до први. Можеби тогаш ќе разбереме како живее просечен лекар во Србија. Чувајте се. Важно е да преживееме. Ќе има радост и живот повторно. Се помина и ова ќе помине. Пак ќе пееме“, вели фолк ѕвездата.
Со оваа нејзина изјава, Бекута покрена бројни реакции, најмногу позитивни кои и честитаа нејзината искреност и храборст.