Ана Бекута доживеала ситуација која не и се допадна, кога една обожавателка сакаше да и пријде, па направи нешто, на што пејачката бурно, дрско, па дури и безобразно реагираше во стилот: „Што ти е, жено?“
Имено една повозрасна нејзина обожавателка сакајќи да и пријде, не можела да ја стигне па ја фатила за раката, што пејачката ја престрашило и налутило. Жената се претставила дека е нејзина обожавателка и само сакала да ја гушне и бакне пејачката, но Бекута тоа не и го дозволила.
Откако жената прашала дали може барем да и ја бакне раката, пејачката ја фатила за нејзината и ја одбила од себе правдајќи се дека се плаши од вируси и не смее да се разболе, зашто мора да пее.
Потоа со брзи чекори се оддалечила од местото на, за неа, непријатната средба.
Овој потег на Бекута ги разлути нејзините обожаватели кои сега се сомневаат и тврдат дека таа не е она за што се претставува.