Пејачката Ана Бекута шест години ужива во љубовната врска со некогашниот министер Милутин Мркоњиќ.
Пред да се запознае со Мрка, Ана долго време беше сама.
„Ми недостигаше поддршка, пред него бев 10 години сама, мислев дека можам се сама. Сега кога сум со него гледам колку ми недостигаше. Тоа е меѓусебно почитување и доверба, изјави Ана.
За потсетување, Ана 10 години живееше во вонбрачна заедница со тапанарот Предраг Видовиќ Прејо од Шабац.
На една од турниите во текот на 90тите, Ана се зближила со клавијатуристот Слободан Смакиќ. Во 1992 го напуштила Предраг и Шабац, заминала да живее во Белград.
Со Слободан живеала и работела до 2000 година.