Во очекување на второто евровизиско финале на годинешниов Евросонг 2021, како по обичај, многумина се незадоволни од гласањето и она која се земја влезе, а чии прставници не успејаа да се пласираат во финалето.
Една од нив е и членката на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, пејачката Ана Бекута, која незадоволна од тоа што екс – ЈУ претставниците на Словенија, Македонија и Хрватска не влегоа во финале, „распали“ по Евросонг на својот Инстаграм:
„Сношти навивав за Хрватска, Македонија и Словенија, но да не ми забележат моите Словенци и Македонци – буквално не ми се верува како оваа девојка не се пласираше во финалето!Хрватска оддамна немала подобар настап на Евровизија, сè беше фантастично – од песната преку изведбата до вокалните способности на пејачката, стајлингот!Албина сине, главата горе!Ти си целосен пакет и ги имаш сите предиспозиции да бидш голема sвезда! Го чекам утрешниот настап на нашите девојки од Hurricane, се надевам дека повторно нема да ме стрефи шлог поради гласањето“ – напиша Бекута.
Бекута е во право или не, се’ зависи од личната перцепција, иако факт е дека во нејзините зборови има многу вистина!
Фото: Инстаграм принскрин/anabekuta1