Радио Милева

Ана Бекута: „На Мрка сум му убава и со вишокот на килограми“

Ана Бекута: „На Мрка сум му убава и со вишокот на килограми“
фото: Информер

Ана Бекута вели дека на нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ Мрка му се допаѓа и со вишок на килограм.

Во интервју за „Информер“ откри како ослабела,  а исто така проговори дека нејзиниот партнер никогаш ништо не и рекол во врска со килограмите.

„Никогаш ништо не ми кажа во врска со килограмите. Дури кога имав вишок, тој се грижи за моето здравје. На Милутин никогаш не и бев грда и никогаш не ми коменетираше на таа тема“ вели Ана Бекута.

фото: информер

На прашањето што му премолчува на Милутин, таа вели дека нема тајни и се му кажува.

„Тој е првиот човек пред кого немам тајни. Ништо не премолчувам, се му кажувам, како и тој на мене“ вели фолк пејачката.

Дали нешто Милутин ви забележува?

„Не. Се грижеше кога пушев цигари, па го послушав и ги фрлив. Се грижеше за моето здравје. Се гордее со мене колку се трудам да имам кондиција и да вежбам“ вели Ана.

фото: Инстаграм

Бекута открива дали и ден денес си посакува нешто во полноќ.

„Со оглед на тоа дека сум со микрофонот во рака, таа желба секогаш доцни. Одбројувањето започнува од мене, па нема толку концентрација да си посакам нешто.   Во тој момент се трудам заедно со гостите да влеземе во новата година. Многу пати заборавив да помислам на таа желба. Таа доаѓа подоцна кога ќе му честитам на Милутин“ вели фолк пејачката и додава дека со години наназад Милутин е прв на кого му честита нова година.

Останати вести од Радио Милева