Пејачката Ана Бекута проговори за животот и работата во текот на пандемијата со коронавиурост, но проговори и за нејзината љубовна врска со Милутин Мркоњиќ Мрка.
„Им велев на моето семејство дека не би имала време да се посветам на работите на кои се посветив во овој период. Прочитав многу книги, гледав филмови, серии… Некако живеев помирно и морам да признаам дека ми недостигаш тој мир и одмарање бидејќи претходните години работев без пауза, па речиси и без летен одмор“, вели Бекута.
„Кажувањето на својот став во јавност е меч со две острици и мора да балансирате, со никој да не навлезете во конфликт, да бидеш позитивен и малку да ги воспиташ младите“ вели Ана и проговори за Мрка.
„Тој е тука да ме поддржи во секој сегмент од животот, тоа го прави несебично и мене ми годи. Морам да признам дека тој е човекот на мојот живот. Се појави во моите поздрели години, но очигледно така требало да биде. Кога размислувам за тоа, да се сретнавме порано можеби немаше да се препознаеме. Се појави во вистински час“, заклучува пејачката.