Ана Бекута има тајна врска во „Гранд“ за која неодамна дознал нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ Мрка, па настанал хаос, пишува ало.рс
„Постои еден господин кој работи во „Гранд“ и кој е луд за Ана. Кога тој се вработи, Ана беше слободна и тој се обидуваше да ја освои“ објаснува изворот и додава:
„Многу се трудеше околу неа. И праќаше цвеќе на домашна адреса и пишуваше пораки полни со љубов, меѓутоа Ана не попушташе. Некако и одговараше да биде сама. Во меѓувреме, Ана го запозна Мрка, а тој господин продолжи да работи во Гранд, имаше други врски. Со Ана остана во коректни односи“ објаснува изворот и додава:
„Меѓутоа, како што се шпекулира, тој во последно време повторно е слободен, а бидејќи Ана изгледа како девојка, тој повторно се вртка околу неа. Најверојано му се вратиле спомените кога ја освојуваше, па повторно се обидува да го привлече нејзиното внимание. Меѓутоа, Ана му стави до знаење дека е во сериозна врска со Мрка и да не се обидува ништо да прави. Мрка не реагираше бидејќи не се стресува без потреба, а тој има и проблеми со срцето и не му е потребен стрес. Меѓутоа, Мркоњиќ дозна бидејќи тој ја носи Ана на снимања и контактира со многу луѓе од Гранд. Кога дозна изби вистинска кавга“ вели извор.
„Ана се изнервира бидејќи е љубоморен во тие години, па му кажа на Мрка доколку не ме верува да си замине од станот. Од друга страна, Милутин и верува на Ана, но не му е сеедно што друг маж се вртка околу неа. Во секој случај, Ана му одржа лекција на Мрка и му стави до знаење дека не планира да се занимава со глупости и тој се смири дека е во право“ тврди изворот.