Пејачката Ана Бекута се повлече од јавност по смртта на нејзиниот партнер Милутин Мрка Мркоњиќ.
Имено, таа објави јавно соопштение во кое истакна дека се повлекува и ги откажа сите настапи, емисии и интервјуа за месец декември.
Бекута тогаш не откри дали целосно или привремено се повлекува. Меѓутоа, пејачката сега се огласи и откри кога се враќа на музичката сцена.
Имено, таа на својот „Инстаграм“ објави соопштение и откри дека на музичката сцена се враќа за новогодишниот настап на 31 декември.
-Драги мои, сепак одлучив во новата година да влеземе заедно. На 31 декември се гледаме во преубавото Требиње и на 1 јануари во прекрасната Бања Лука. Се радувам што ќе се гушкаме и топлиме со песна. Добро се облечете, ве сака вашата Ана, напиша пејачката.
Под нејзината објава се нижеа позитивни коментари од нејзините колеги меѓу кои Мира Шкориќ, Јелена Карлеуша, Огнен Здравкоски, Славица Ќуктераш и многу други.
фото: принтскрин/инстаграм/ана бекута