Радио Милева нов мистериозен сопственик

Амбер Херд ja продаде куќа во Калифорнија за милион долари (фото)

Амбер Херд ja продаде куќа во Калифорнија за милион долари (фото)

Сè уште не е познато која е следната станица на актерката, но во последните месеци таа наводно живее во Хемптонс.

Актерката Амбер Херд (36), која до неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста поради судските пресметки со поранешниот партнер Џони Деп, одлучи да го продаде својот имот во Калифорнија, вреден 1,1 милион долари.

Куќата изградена во 2015 година се наоѓа во долината Јука, има речиси 230 метри квадратни, 3 бањи и 3 спални соби.

По пресудата која беше изречена во корист на Деп, на Херд и претстои огромна сума на пари за плаќање, но тоа очигледно не ја спречува да продолжи со своите „активности“, т.е. да заработува. Дури и да е продажба на недвижен имот.

TMZ прво откри, а имотните записи потврдуваат дека мистериозното и некогаш тајно скривалиште на актерката Аквамен нечујно и тивко го  промени сопственикот, и покрај тоа што домот никогаш не бил јавно ставен на продажба.

Тајниот договор е потпишан за речиси 1,1 милион долари, што е речиси двојно повеќе од 570.000 долари колку што Амбер Херд претходно платила. Тоа беше пред само три години, односно во 2019 година. Но, таквата голема разлика во цената не е изненадувачка бидејќи вредностите на пустинските куќи се зголемени од почетокот на пандемијата.

„Dirt.com“ пишува дека купувачите платиле во готово, дека станува збор за непознат брачен пар и дека немаат никаква врска со познатата Американка (барем тоа не се знае). Тој е претприемач од Лас Вегас, вработен во осигурителната индустрија, а неговата  долгогодишена партнерка му е и секретарка.

Фото: Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм/Амбер Херд

To top