Само што се смили бурата околу апсењето на сестрата на Амал, Тале Аламудин, поради прекршоци во сообраќајот, изречена и е казна затвор во траење од три недели и парична казна, а семејството Клуни се најде во неволја.
Имено, нивниот луксузен дом во Англија е поплавен од излевање на реката Темза, поради обилните дождови со кои се соочува кралството, пренесува Телеграф.
Материјалната штета е огромна, но најголемиот проблем за Клуни е што Амал ужива да поминува време со своите деца токму таму, близнаци Ела и Александар.
Амал и Џорџ го купија имотот пред пет години за 10 милиони фунти.
Луксузниот дом на славниот пар е опремен со десет спални соби, теретана и кино.
фото:гуливер/гети имиџис