Мегафон

„Алтернативно Скопје #4“ на платото пред МКЦ

„Алтернативно Скопје #4“ на платото пред МКЦ

На платото пред МКЦ на 30 јуни од 19 часот ќе се одржи „Алтернативно Скопје #4“ – концерт на отворенo на шест бендови, во организација на „Млади за Скопје“.

На настанот настапува „Ангза“ (Angza) – крашер-краст/панк бенд формиран оваа година, составен од членовите на „Дизиз“ (Desease) и „Борн фор слотер“ (Born For Slaughter). Понатаму, настапува „Мен ин а сјут“ (Man In a Suit), македонските „Морфин“ со кои скопската публика ќе го доживее нивниот најспецифичен и естетски филинг преку нивната маѓепсувачка музика.

Меѓу листата на бендови се победниците на „Лузер фест“ – „Конспираси“ (Conspiracy), окарактеризирани како „најнадежниот млад македонски состав“. Најголеми влијанија им се „Металика“, „Санториум“ и „Лемб оф гад“.

На платото пред МКЦ ќе свират и „ИлузијА“ – нов даркерски бенд формиран во Кратово. Според организаторите, тие ќе изненадат со уметничка длабочина и осмисленост на целиот сценски концепт.

Најавени се и „Морфеј“, кумановски состав кој на фестивалот ќе се претстави и со новиот член (басистот Теодор Јефремовски). Организаторите велат дека аудиториумот ќе биде трогнат со нивната искреност и со специфичен музички стил.

Листата на бендови ја заокружува „Тонал“, одличен млад изведувач кој публиката треба да ја остави воодушевена од неговиот перформанс.

Влезот е слободен, а поддршка на бендовите ќе може да се даде преку донации.

To top