Тешко е да се избегне хитот „All I Want For Christmas Is You“ на Мараја Кери во овој период од годината. Откако излезе во 1994 година, песната на Кери се впиша меѓу најпознатите божикни поп нумери. Поп-пејачката оствари голема заработувачка поради успехот кој го постигна со овој хит, пишува Си-ен-ен.
Овој празничен хит е најслушана божиќна песна на Спотифај на сите времиња, со повеќе од 602 милиони преслушувања. Исто така, песната има повеќе од 605 милиони прегледи на Јутуб, откако беше прикачена на платформата во 2009 година.
Иако „All I Want For Christmas Is You“ се емитува веќе 25 години, за првпат се најде на врвот на листата на „Билборд Хот 100“ годинава.
Песната на Кери веќе заработи повеќе од два милиони долари авторски хонорари, откако за првпат беше додадена на Спотифај, а се очекува тој број да продолжи рапидно да расте. Ако оваа празнична сезона е слична на претходната, се очекува песната на Кери да заработи околу 600.000 долари помеѓу ноември и Божиќ.
Пејачката заработила повеќе од 60 милиони долари на сметка на авторски хонорари од песната, според проценката на „Економист“