Русинката Алина Каракова е уште една во низата популарни и атрактивни убавици на Инстаграм, но нешто сепак ја издвојува од многуте слични.
Поточно, нејзините следбеници тврдат дека таа неверојатно потсетува на славната холивудска актерка Анџелина Џоли.
Оваа сличност преку ноќ и донесе светска слава на Алина и собра над 20.000 следбеници во рекордно време, а оваа бројка се зголемува секој ден.
Додека некои се восхитуваат на нејзината убавина и сличност со Анџелина, други тврдат дека ниту едната, ниту другата нема да изгледаат така да не биле подложни на пластична операција.
Исто така, Алина и Џоли имаат слична фацијална експресија, а исто така се обидува да потсетува и со косата и шминката.
Во секој случај, оваа бринета е доста атрактивна, негува софистициран и женствен стил. Но, интересно е што оваа Русинка има само 22 години, иако изгледа нешто повозрасна.
Според странските медиуми, таа живее многу поскромно од Анџелина и е посветена на воспитувањето на малиот син Дејвид.