Ален Исламовиќ ретко се појавува во јавноста во последно време, а сега открикако го поминува времето за време на пандемијата на коронавирусот.
„Јас сум човек изграден од такви гени што секогаш сака да прави нешто. Избегав од Загреб, кој е затворен, моето семејство живее како во кафез веќе една година, а јас сум тука во близина на Бихаќ, така што сум прилично во природа. Имам плантажа со лешници, имам многу работа, ја средувам куќата … Поминувам доста време покрај река, мојот круг на пријатели е стеснет и многу сум внимателен“ – рече Ален.
Тој се посвети на нов бизнис пред четири години, кога засади дрва со лешници, а пејачот сега откри како му оди бизнисот.
View this post on Instagram
„Она што го засадив се најдобрите и најслатките сорти во Европа. Ова се многу големи лешници. Таа сорта кај нас успева, па ја пласирам на пазарот. Се надевам дека приносот и ќе се зголеми. Тоа е работа на иднината, ги советувам сите да започнат да се занимаваат со тоа. Лешникот се користи за сè “ – рече Ален, а потоа откри дека редовно се слуша со Горан Бреговиќ кому му испратил лешници, зашто овој има верверички во дворот и дека едвај чека сето овца да мине за да можат одново да настапуваат.
Исламовиќ исто така вели дека е многу внимателен и потенцираше дека неодамна се вакцинирал против коронавирусот.
„Бев вакциниран благодарение на Србија и моите колеги кои ми овозможија да ја примам вакцината во Белград, за што благодарен сум им од се’ срце. Наскоро ќе дојдам да примам ревакцина. Треба сите да се вакцинираат, да чуваме и себе си и сè околу нас“ – заклучи пејачот во шоуто „Премиера-Викенд Специјал“.