Ален Исламовиќ за Стара Нова година им пееше на белграѓани, заедно со Горан Бреговиќ и Тифа.
Тој истакнал дека тоа не му било во плановите, но му е драго што е во српската престолнина.
Јас сум како Бинго, подарок за Белград, затоа што беа најавени Горан и Тифа, јас имав друга покана, но ми беше откажана, па ми се јави Брега.
– Среќна Нова православна година на сите, да се сите живи и здрави и да доаѓате на нашите концерти и во оваа година – рече Исламовиќ и додаде:
– Го сакам Белград, тука го отслужив воен рок, ги знам сите улици и плоштади – изјавил пејачот.
Фото: Принтскрин/ТВ Пинк