Поранешната ѕвезда на Гранд, прилепчанецот Ален Хасановиќ, на крајот на минатата година, по шеријатски обичаи во кругот на семејството се ожени со својата избраничка Аида Чако, а сега организираше гала свадбена веселба на која присуствуваа неколку стотици гости.
Пејачот и неговата избраничка приредија модерна свадба во луксузен ресторан во Тетово уреден со детали што го одземаат здивот.
Ресторанот налик на замок, полн со цвеќиња и кристали ги воодушеви сите присутни, но и нововенчаниот пар кој се погрижи се’ да изгледа како од бајките.
За гала свадбената веселба пишуваа и српските медиуми кои не го запоравија Хасановиќ од неговото учество во “Ѕвездите на Гранд“.
Невестата блескаше во магична бајковита венчаница, додека младоженецот се одлучи за класично елегантен костум.
Влегувањето на младенците во луксузниот ресторан било проследено со громогласен аплауз и звуците на виолина. За време на првиот танц на младите имало и огномет.
По првиот танц следел уште еден, при што младоженецот го земал микрофонот и на својата поубава половина ја пеел песната „Bring the wild scents“, а невестата не ја симнала насмевката од лицето.
Следуваше луда забава, а Ален и Аида цела вечер ја поминале незаборавно. Меѓу гостите беа и екс-ѕвездите на Гранд, Филип Божиновски и Огнен Здравковски кои не можеа, а да не запеат за Ален и Аида.
Забавата ја прекина огромната бела свадбена торта на седум ката украсена со нежни цвеќиња и светилки.
Како што налага обичајот, парот ја пресече тортата, а Хасановиќ ја искористи таа прилика да и отпее уште една песна на сопругата „Лудујем“ од Џенан Лончаревиќ.
За сечењето на тортата, невестата решила да ја смени венчаницата и да блесне во долг корсет фустан кој одлично и прилега.
Да потсетиме, по долгогодишна врска и романтична свршувачка, поранешниот финалист на „Ѕвезда Гранда“ Ален Хасановиќ го кажа судбоносното „да“, а венчавка со Аида Чако се одржа во Скопје изминатиот месец сепрември.
фото:Инстаграм принтскрин/