Една од најпопуларните млади српски пејачки, Александра Пријовиќ, запеа на една приватна забава, на која беше присутен и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ.
Пејачката во еден момент седна во неговиот скут и му пееше на увце, додека тој уживаше во изведбата на својата сакана.

Со затворени очи Филип ги потпевнуваше стиховите, а изгледаше како да присутните му беа сосема неважни во тој момент.

На крајот од песната „И сад ме по тебе познају“, пејачката пред сите го бакна во уста.