Српската пејачка Александра Пријовиќ зимските денови ги поминува во потоплите краеви.
Имено, пејачката заедно со семејството, односно со синот Александар, мајката Борка, како и семејството Живојиновиќ традициоалано како и секоја година во јануари уживаат на егозтична дестинација.
Прво, тие го посетија Дубаи каде што ужива и ги полнеа батериите, а по неколку дена од таму се упатија на Тајланд.
Пријовиќ на социјалните мрежи објави неколку фотографии од егзотична плажа и покажа како се релаксира надвор од обврските.
Имено, таа во минијатурно бикини го покажа своето згодно тело и покажа како изгледа неполна година по породувањето.
Многумина може да и завидат на одличната фигура, а пејчаката за фотографиите доби повеќе од 30 000 лајкови.
За потсетување, во март претходната година, Пријовиќ и Филип Живојиновиќ станаа родители на нивниот прв син Александар.