Пејачката Александра Пријовиќ Живојиновиќ направи хаос со изјавата дека би сакала да роди девојче на сопругот Филип Живојиновиќ.
Веднаш потоа на социјалните мрежи започнаа гласини дека снаата на Брена е бремена и дека чека ќерка.
Екипата на нова.рс ја сретнале Александра на еден јавен настан, но не можело да се забележи дали има стомак или не.
Па, новинарите и се приближиле за да поразговараат со пејачката и да ја дознаат вистината.
„Не сум бремена. Навистина не знам од каде тие приказни. Таква вест не би криела. Филип и јас не сме пподготвени за второ дете. Полека, има време. Немам намера да брзам. Такви работи не треба да се планираат. Не е вистина тоа што се зборува или пишува. Секако дека сакаме уште деца и ќе има сигурно“, вели пејачката за портал.рс
Инаку, Александра и Филип го имаат синот Александра кој наскоро ќе наполни две години.