Александра Пријовиќ позираше навидум едноставно и скромно облечена и со својата линија ги израдува нејзините следбеници, кои не престануваат да ги коментираат нејзините фотографии. Овој пат, нешто друго „привлече внимание“ кај фановите.
Иако стајлингот на пејачката, овој пат целата облечена во црно изгледа скромен и едноставен, кога ќе ги погледнете страниците на светските каталози и нивните брендови, ќе видите дека Прија носи прилично скапа гардероба.
Покрај скапиот часовник што често го носи кој вреди неколку илјади евра, сега погледите ги привлекоа нејзините скапоцени чизми од една позната марка. Нивната цена е околу 1.150 евра, а тие се дел од најновата колекција на овој познат светски бренд.
Фото: Инстаграм принтскрин/aleksandraprijovic