Радио Милева

Aлександра Пријовиќ првпат покажа дел од внатрешноста на вилата за која плати 500 000 евра (фото)

Aлександра Пријовиќ првпат покажа дел од внатрешноста на вилата за која плати 500 000 евра (фото)

Александра Пријовиќ претходната годинна во јуни заплива во брачните води со посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ.

Во март оваа година, Александра и Филип се преселија во луксузната вила на Бежаниска коса за која како што пишуваа медиумите платиле околу 500 000 евра.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/aleksandra-prijovikj-i-filip-zivojinovikj-kupile-vila-vredna-pola-milion-evra/

Меѓутоа, деновиве Пријовиќ првпат покажа дел од внатрешноста на вилата за која плати пола милион евра.

фото: Принтскрин/србијаданас

Имено, Александра вчера го прослави својот 24 роденден, а по тој повод доби многу подароци, цвеќе, слатки, а дневната соба беше украсена со балони.

фото: Принтскрин/србијаданас

Воодушевена од изненадувањето кое го добила, Александра овој момент го сподели со своите фанови.

За потсетување, Александра и Филип оваа вила ја купија на кредит, а се наоѓа во близина на домот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.

To top