Пејачката Александра Пријовиќ важи за една од најубавите на сцената, а како што признава и самата, без разлика на се, не е најзадоволна од својот изглед.
Пејачката не крие дека секогаш се грижи за своето тело, а открива и дали е задоволна од својата фигура.
Имено, таа вели дека има едно нешто што и пречи на телото, а тоа го забележува и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ.
Пријовиќ призна дека има целулит кој и пречи и од кој тешко може да се ослободи.
-И јас имам целулит, дури и Филип ме предупредува дека имам. Се обидувам да го решам и тој проблем. Сега сум слаба и тоа е единственото нешто што ми пречи на моето тело – изјавила таа.
Александра Пријовиќ вели дека е една од првите што ги пробала новите чорапи на Брена „Lady B“ кои на феноменален начин го кријат целулитот, лузните и вените и ги прават нејзините нозе совршени.
Додека, целото семејство Живојиновиќ беше вклучено во проектот, а снаата и свекрвата покажаа дека се блиски и отворени една за друга.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Александра Пријовиќ