Популарната српска пејачка Александра Пријовиќ пред неколку години себе си се почести со нови гради. Не беше задоволна од стариот изглед, па ги зголеми. Но, изгледа дека и годат ваквите естетски промени и реши да оди чекор понатаму во операциите. Овој пат Пријовиќ подлегна на уште две операции – ги среди носот и ушите.
-Александра беше загрижена поради девијација на носот. И стана напорно да дише додека пее, а често имаше и главоболки. Веќе долго размислуваше за операција, но само ја одложуваше поради работа, меѓутоа, неодамна се реши да ја направи макар и да не настапува неколку недели – вели близок извор на пејачката, а пренесува српски ало.рс и додава:
-Не може да се каже дека беше искомплексирана, но секогаш зборуваше дека би била задоволна ако носот и е правилен. Истото важи и за ушите – вели истиот извор кој открива дека и нејзиното момче Филип Живојиновиќ ја поддржал во намерата.