Пејачката Александра Пријковиќ беше во паника за своето здравје и здравјето на најблиските, па по третпат се тестираше на коронавирус.
Кога пристигнаа резултатите од тестот, таа ги објави на својот „Инстаграм“ и истакна дека третиот тест покажал дека е негативна.
„Драги мои, многу се пишуваше за моето тестирање на Ковид 19, па имам потреба да ви се обратам и да ви кажам дека нема потреба за грижење за мене и за оние со кои бев во контакт. Јас се тестирав поради сите луѓе во моја околина, дури направив три теста, вклучувајќи и два бриса кои покажаа дека сум негативна. Сите ве бакнувам и сакам, бидете ми здрави“ напиша пејачката на „Инстаграм“.