Александра Пријовиќ за медиумите откри дека Филип Живојиновиќ ја освоил кога на првиот состанок и донел пакет со вода.
„Ме воодушеви првпат кога требаше да дојде кај мене. Ме праша што ќе јадам и ќе пијам за да донесе кај мене во станот. Му кажав не сакам ништо, бидејќи на почетокот кога некој ќе ви се допадне, не сте ни гладни, ни жедни. Меѓутоа, тој инсистираше и јас му реков дека пијам само вода. Кога ја отворив вратата, видов дека донел пакет со вода. Со тој гест ме купи за цел живот бидејќи тогаш видов дека внимава што зборувам. Па кој ќе ви донесе пакет со вода кога се подразбира дека дома имате вода?“, вели Александра.
Таа додава дека сфатила дека Филип е идеален за неа.
„Штом го запознав Филип, знаев дека тоа ќе е љубов за цел живот. Се гледа дека е добар. Секогаш ми беше важно некој да има добра душа, а неговите очи зрачат со добрина. Тоа го забележав кога се запознавме“, вели Прија и открива дека тогаш паднал и првиот бакнеж.
„Нашиот прв бакнеж се случи во мојот стан. И денес се сеќавам на секој детаљ од таа вечер која беше совршена. Веднаш ме освои со манирите, начинот на размислување и ставовите. Уште тогаш знаев дека ќе се омажам со него, и така и се случи“.
Александра и Филип се венчаа во јуни 2018 година, а во 2019 година добија син.
фото: горан сраданов/рас србија/ с. крстиќ/м.илиќ