Радио Милева

Александра Пријовиќ откри на што ги потрошила првите заработени пари

Александра Пријовиќ откри на што ги потрошила првите заработени пари

Една од најпознатите млади пејачки Александра Пријовиќ вели дека досега не го празнувала 1ви мај, „Денот на трудот“ затоа што тогаш работела и имала настапи.

Меѓутоа, оваа година поради коронавирусот таа првпат нема да работи и микрофонот ќе го замени со чаша вино во нејзиниот дом на Бежаниска коса.

„Ако работам тогаш е „Ден на трудот“, а ако не работам тогаш ништо не работам. Оваа година уживам во ова второто“ вели Пријовиќ.

фото: М. Јошида

Таа откри кога го имала првиот настап и на што ги потрошила првите заработени пари.

„На 15 години го имав првиот настап и се чувствував многу гордо. Сите заработени пари ги дадов на моето семејство. Уживав кога можев да придонесам за подобар живот во домот“ вели Пријовиќ.

На прашањето кој е главен во нејзиниот дом, Александра вели:

„Од моментот кога се роди Александар, не само што е главен во семејството туку тој е шеф на нашите животи. Тој е наша најголема среќа и љубов, за ништо не би го менувала. А кој има последен збор? Ако мислите на мене и Филип, тука постојано има борба“ вели снаата на Брена.

фото: М. Јошида

Пејачката минатата година се реализираше во улогата на мајка, а оваа година во март малиот Александар наполни една година. Пријовиќ откри како го воспитува синот.

„И да не го пуштаме да прави што сака, тој секако прави што сака. Баш денес прооди, така да сега е господар на секој простор“ вели сопругата на Живојиновиќ.

To top