Радио Милева цената е иста

Александра Пријовиќ откри дали и „скокнала“ цената на настапите по пандемијата со коронавирусот

Александра Пријовиќ откри дали и „скокнала“ цената на настапите по пандемијата со коронавирусот

Пејачката Александра Пријовиќ пред неколку дена го одржа својот прв настап по подолгата пауза поради пандемијата со коронавирусот.

Таа истакна дека нема проблем како повеќето нејзини колеги бидејќи цената на нејзиниот настап не е помала од претходно.

„Конечно започнавме со настапи, ова лето мислам дека ќе работиме и многу се радувам“, вели Прија.

Попуштија мерките за коронавирусот, а пејачите полека се враќаат на своите настапи. Меѓутоа, еден од главните проблеми со кои се соочуваат е тоа што им падна цената на нивните настапи, а Пријовиќ вели дека нема проблем со тоа.

„Кај мене цената остана иста. Не го променив многу репертоарот. Тешко ми падна што долго време не работев. Но, ете се поминува и се надевам дека ова повеќе нема да се врати“, изјави Александра.

Таа вели дека одморот добро и дошол бидејќи имала време за наследникот.

„Најдраго ми е што оваа една година ја посветив на син ми и поминувавме време заедно“, вели пејачката.

Пејачката откри дека подготвува и нов албум, вели дека посакува и солистички концерт, но за тоа има време.

To top