Пејчката Александра Пријовиќ се породи во март, а сега планира да посети хирург за да ги затегне градите по доењето на синот Александар, пренесува „Информер Хит“.
„Единствено нешто со што не е задоволна се градите. Поради доењето градите се опуштија, па сака да оди кај пластичен хирург и да го среди тоа. Веќе се договори со докторот кој и стави импланти и закажа состанок“ вели извор за „Хит“.
Фолерката чека да престане да го дои синот, па веднаш ќе започне со интервенција. Нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ мисли дека не треба ништо да менува, но разбира дека на Александра и важен изгледот и во се ја подржува, објаснува изворот.
Пријовиќ неодамна откри што корегирала кај себе.
„Јас променив што сакав. Градите ги променив, малку ги обработив усните, Имав операција на носот претходната година бидејќи не можев да дишем, но и поради работата“ изјави Александра.