Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ за помалку од три месеци ќе станат родители на нивниот син Александар.
Како што пренесува курир.рс младиот пар веќе ја подготвил детстката соба за наследникот.
Малиот Александар ќе има своја соба за која познатиот пар издвоил 5000 евра.
„Александра и Филип живеат во населба во Степ Степановиќ, а тоа ќе биде нивно љубовно гнездо. Сакаа да бидат самостојни, па поради не живеат во вилата на Бежаниска коса каде што живеат Лепа Брена и Боба Живојиновиќ. Александра сакаше свој дом на своја адреса, а иако е во поодминета бременост работи на својот нов албум. И додека го снима новиот албум, таа има време да се посвети и на уредувањето на собата. Последните неколку дена поминаа низ неколку продавници бидејќи сакаа во Новата година да влезат подговени за синот“ вели извор близок на парот и додава дека им помага мајката на Александра, која заедно со пејачката го бира мебелот.
View this post on Instagram
„Собата ќе биде во бели, сиви и небо светли нијанси. Александра сакаше да има голема комода на која ќе може да го пресоблекува и бања наследникот. Има и невообичаени ламби на ѕидовите. Купија гардероба која ќе ја носи наследникот, но и играчки. Важно им е бебето да спие на удобен душек, па тој душек го порачаа од странство и очекуваат да пристигне“ вели изворот.
Собата на малиот Александар е преполна со игрчки и облека бидејќи како Лепа Брена, така и Борка од своите патувања донесуваат играчки за нивниот внук.
За потсетување, Александра одлучи да се породи во Белград.