Радио Милева
ужива во бременоста

Александра Николиќ го покажа трудничкиот стомак: По разделбата со Филип Цар, ги разнежни следбеници со фотографија (фото)

Александра Николиќ го покажа трудничкиот стомак: По разделбата со Филип Цар, ги разнежни следбеници со фотографија (фото)

Александра Николиќ, победничката на реалити програмата „Задруга 6“, сподели со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм фотографија на која јасно се гледа нејзиниот труднички стомак.

Реалити учесникот и победник на реалити програмата „Задруга 6“, Алекс Николиќ е во блажена состојба, а татко на детето е Филип Цар.

И покрај тоа што последниве денови беше сред скандал поради раскинувањето со Филип и меѓусебните обвинувања, Николиќ изгледа стои на своето.

Имено, иако ја прекинала комуникацијата со таткото на своето дете, Алекс продолжила да ужива во бременоста, а сега ги израдувала следбениците на Инстаграм со првата фотографија од нејзиното стомаче.

Да потсетиме, Александра Николиќ и Филип Цар ја раскинаа свршувачката, по што старлетата упати шокантни обвинувања на сметка на својот поранешен вереник. Таа потоа откри дека трпела насилство за време на нивната врска, а дополнително ја шокираше јавноста со тврдењата дека учесникот на реалити ТВ консумира опијати.

Фото: Принтскрин

 

Останати вести од Радио Милева