Летото можеби срамежливо, но сепак полека доаѓа правејќи ги првите чекори, со сончевите и топли денови кои сите нас не мамат да посакаме море, песок, сонце, плажа, егзотична дестинација, опуштена уживанција полна со предизвици кои привлекуваат.
Една од најзгодните Македонки, сексапилната гевгелиска убавица Александра Накова е една од оние кои како по правило се меѓу првите што ја отвораат бикини сезоната. Така е секоја година, така е и оваа, без оглед дали е во прашање базен, езеро или море, плажа или само гола реклама.
Ова последново, е она што одново ја поттикнува возбудата кога е во прашање Накова, која со нова секси фото – тура покажа дека е подготвена за авантура, за да ја разбие монотонијата… И себе си и вам.
Новата колекција на костими за капење на еден бренд, овој пат едноделни, Накова покажа дека можат да бидат не само практични, туку повеќе од предизвикувачки и провокативни. Налик на мини фустанче, од под кое ѕиркаат гаќичките, едноделниот модел е на граница да ја демистифицира интимата на расната убавица.
Иако, кога некаде ќе се појави или ќе осамне на фотографии, обично сите погледи се вперени во гигантската силконска предница на гевгелиската убавица, овој пат во фокусот на интерес е она што предизвикува „позитивен стрес“ од возбуда кај вистинските мажи – подножјето на меѓуножјето на Александра Накова. Овој пат „погледот ќе ви го закова“ на себе и нејзиниот нов монокини модел на вистинското место… Онаму точно, каде што е „величествено сочно“ ( juicymajestic )!
Патем, со споделената фотографија на нејзините Инстаграм приказни, на која иако не таа самата, веројатно сакала дополнително нешто да наговести…
Особено ако ја прочитате споделената мисла: „Авантурата можеби е опасна, но монотонијата сигурно убива“, повеќе од евидентно е дека на Накова и се живее…
И тоа бурно, зашто е повеќе од сигурно дека не би сакала монотонијата да ја „убие“!
Фото: Инстаграм принтскрин/nakovaaleksandraofficial