Радио Милева
поза за збогум

Александра Накова со високо кренати нозе кон сонцето го испраќа летото (ФОТО)

Александра Накова со високо кренати нозе кон сонцето го испраќа летото (ФОТО)

Откако уште во месец мај преку социјалните мрежи сите не извести дека ја отворила сезоната, Александра Накова не престана да споделува фотографии во костими за капење.

Од работната посета на Јадранот и неговото карпесто, италијанско крајбрежје, од песочните плажи на Халкидики и Егејот или од базените во казино-хотелите крај родната Гевгелија…

Фотографија до фотографија или комплетна фотосесија за летна чудесија на расната убавица, која со секоја нова заводлива поза умее да предизвика „лудница“… Барем во главите на машката популација, а неретко и кај целата нација.

Како што со бомбастична најава ја отвори, така со слична објава Александра Накова решила летната сезона и да ја затвори. Со скокотливи фотографии и видео во шарени секси бикини на кои блескаат аплицираните циркони, во кои разбирливо многу повеќе блескаат бујните облини на расната гевгеличанка.

Седната на работ од базенот со долгите нозе кои „шлапкаат“ по површината на водата или влезена да плива во него, Накова ужива додека ги арчи последните летни сончеви денови.

Опуштена и влажна до гола кожа, на сексапилната газдарица на бутик за атрактивна женска облека иако целта и била да го изрекламира необичниот костим за капење, она што доминира е нејзиниот телесен раскош. Особено бујната предница која на силиконската убавица и дозволува опуштено да ужива додека плива, без грижа дека може да потоне.

@nickaalexandra5♬ original sound – nickaalexandra

Ем жива згода, ем постојано има нешто што ќе ја држи над вода.

Потоа, кога онака влажна и задоволна излегла од базенот на сончање, Александра Накова на своите следбеници им приредила уште едно возбудливо изненадување.

Случајно или намерно – сеедно, она што го споделила ја крена температурата дополнително за уште некој целзиус, а поединци ги запали дибидус!

Дали сакала само побргу да си го исуши  долниот дел на бикините, со стапалото да се заштити од сончевиот блесок во очите или нешто трето,  Александра Накова со високо кренати нозе кон сонцето го испрати долгото топло лето!

@nickaalexandra5♬ Ride It – Regard

Фото: Инстаграм /naleksandraofficial/ТикТок/nickaalexandra5

Останати вести од Радио Милева