Една од најубавите жени воопшто во Македонија, Александра Накова одново во акција. Атрактивната гевгеличанка по разводот го доживува својот младешки ривајвал, па не престанува да го живее животот со полни гради.
Млада, убава, згодна, сексапилна, провокативна, пожелна… Накова е едноставно неодолива. За да си потврди ваквата теза себе си, убавицата од југот за најдобар пријател го има… огледалото.
Не и е прв пат да ја преиспитува својата убавина гледајќи во другата страна на „сребро-нитрат“ стаклото, за сето тоа најчесто да го завери со по некое селфи или мини видео. Кој не го сфатил вицот, тајната лежи во огледалото и блицот! А, убавината велат е минлива, па затоа теба постојано да се докажува и проверува.
Овој пат тестот беше не една-две фотографии, туку вистинска фотосесија… И тоа тоалетна! Зошто покрај огледалото, тоалетот е најскришното одредиште за проверка на убавината на убавицата! Таму си сам(а) и свој(а), па можеш да се провериш и направиш сите корекции. Само што на Накова корекции не и се потребни.
Мајката природа дала, естетските хирурзи додале и одзеле каде и колку што треба и урнекот за естетско совршенство е тука.
Александра Накова во сопствениот мини видео-едиторијал од тоалетот со поглед на убавината што го врти светот. Токму оној, вашиот свет на мечти, соништа и еротски фантазии!