Александра Накова е една од оние македонски убавици која со секоја нова фотографија или фото-сесија им ја разбранува фантазијата на своите следбеници до таа мерка што на многумина им се врти во главата, зашто речиси секој пат Накова покажува повеќе од она што некој од нив и си го замислува.
Покрај сопствениот бутик за женска гардероба во родната Гевгелија, Накова и се врати или поточно никогаш и не престана да се занимава со моделинг. Така, силиконската убавица пред одредено време работно престојуваше во Италија, каде снимаше нов фото и видео едиторијал.
Дел од тој материјал или поточно само една фотографија на која силиконската убавица како од мајка родена сплотена со природата на италијанскиот брег на Јадранот ужива во сите убавини и волшебства на морето во кое совршено се вклопила како сирена, уште тогаш веднаш објавивме.
Глетката беше повеќе од бајковита, а на неа она што кај расната гевгеличанка често може да се насети, но ретко може да се види… Александра Накова не се покажала јавно на фотографија како од мајка родена уште од времето кога како русокоса и сосема поинаква, осамна на насловниците на македонското издание на „Плејбој“.
Оттогаш не дека Александра се сликала само до грло закопчана, напротив… Сме ја гледале во разни разголени изданија и секси пози… Од фустани со шлиц до препони под кои „не се носат“ гаќички, преку едноделни костими за капање, мини танга бикини, па се секси долна облека, провидни градници и гаќички од свила и тантела, во жартиери и чорапи, па дури и топлес… И Накова секогаш изгледала, заводливо, провокативно, привлечно, порочно, секси… Во сите изданија.
Но, сега атрактивната гевгеличанка сподели уште неколку слични на веќе објавената поза, од местото кое самта го нарекува „рајот на земјата“…
Позите наменски за рекламни цели, а сепак толку провокативни и смели…
Зашто на нив Александра Накова навистина наликува на морска сирена која во плиткото ја заплискува бранот, додека „пиштол гола“ ужива во проѕирните води на Јадранот…
Накова како од мајка родена сплотена со природата на италијанскиот брег ужива во сите убавини и волшебства на морето со кое се „стопила“ и во кое совршено се вклопила.
Фото: Архива/Инстаграм/nakovaaleksandraofficial