Радио Милева од сочно - посочно

Александра Накова изгледа бујно, ама мириса на сочно: Усните уште малку да и го допрат носот (фото)

Александра Накова изгледа бујно, ама мириса на сочно: Усните уште малку да и го допрат носот (фото)

Моделот и сопственичка на бутик, Александра Накова неодамна ја видовме на роденденот на естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде беше една од највпечатливите присутни на завабата.

Накава живее живот по свој терк, газдарица сама на своето и работи на ангажмани какви сака и одговараат за неа.

Неодамна таа беше модел на Државна лотарија на Македонија и тоа за грепки, па за овој ангажман ја видовме во нешто поинакво издание од што сме навикнале кога е во прашање провокативноста.


Накова секогаша знае да изненади и да понуди нешто ново кога е изгледот во прашање, но она што секгаш е во фокусот кај неа е бујната предница.

За атраквната гевгеличанка длабоките деколтеа се неизбежен дел од нејзиниот имиџ, а меѓу така бујните атрибути по кои е препознатлива, тука се и полните и волуменозни усни кои од сочни станаа уште посочни.

Имено, на најновите фотографии може да се забележи дека усните на Накова станале уште поголеми од претходно, така што фали само малку за да и го допрат носот.

Јасно е дека Александра е голем вљубеник на ваквите хијалуронски усни, па тешто се задоволува со она што веќе го има.

Дали тоа се допаѓа некому или не и воопшто не е важно, бидејќи ако таа си се допаѓа ваква, останатото е излишно за коментар.

фото:Инстаграм/Александра Накова

To top