Радио Милева предизвик...

Александра Накова има проблем, а решението лежи во искушението? (ФОТО)

Александра Накова има проблем, а решението лежи во искушението? (ФОТО)

Таа важи за една од најатрактивните, најсексапилни и најпривлечни  жени во естрадниот свет и воопшто во Македонија. Нејзините видеа и фотографии се едни од најпрегледуваните на социјалните мрежи, па затоа секогаш кога ќе се спомне нејзиното име се крева прашина. И не само прашина…

Сепак, Александра Накова во годинава што изминува некако како да се повлече во сенка. Токму ова време минатата година, во очи на новогодишните празници направи атрактивна подразголена фотосесија во свој стил за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, во која  нејзините обожаватели и следбеници но и сите останати можеа да уживаат во предновогодишната гламурозна пасторала од телесен раскош и убавина, распослани бујни атрибути, предизвикувачки пози и тетоважи… И на изненадување на сите, за прв пат јавно,  нејзината животна приказна во последните 4-5 години… Кариерата на модел, љубовта, бракот, разводот, ќеркичката… И оттогаш како да ја снема.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/aleksandra-nakova-vo-zeshka-prednovogodishna-fotosesija-glamurozna-pastorala-od-telesen-raskosh-i-ubavina-foto-video/

До душа одвреме-навреме годинава Накова ќе се припојавеше, како на пример во видото за песната „Лутка“ на скопскиот „Балкан бенд“, но тоа беа само јавни блиц излети… И се разбира по некоја оскудна фотографија од  уживањето по грчките плажи и таверни, или домашните базени, кафулиња и ноќни клубови… и толку!

И кога некои помислија дека Александра Накова сосема исчезнала од јавниот живот, еве ја гевгелиската убавица со предновогодишна порака… Или поточно проблем! Нејзин, а веројатно и на сите убавици, кои од една страна постојано ги облетуваат разно-разни типови: од фини момчиња, татини синчиња со полни џебови и празна глава, до „батки“ блиски на онаа другата страна на законот… И уште стотивци други фраери со различни табиети и карактери.

А кога си постојана мета на мажите, како и да е некој ќе погоди во целта… И тоа директно во центар, а со тоа ќе и ја отвори устата на околината, па муабетите ќе излезат во јавноста преку некој од медиумите и… Ете ти афера или скандал! И сето тоа само заради тоа што си раскошна убавица, која сите ја посакуваат, а потоа има проблем!

Можеби затоа Накова сакаше да го сподели со јавноста преку овој нејзин пост која гласи:

„Лесно ти е тебе да бидеш чесна, кога никој не те посакува“!

Проблемот е тука и важи за сите убавици, ама го зне ли некој(а) решението? Или решението лежи во искушението: Да прифатиш или одбиеш, да одолееш или загризеш, да кажеш ДА или НЕ…?

На запад велат: „Take it or leave it“… Кај нас важи она другото:„На ризик се познава шизик“… А шизикот знае како да се справи со предизвикот!

 

 

 

 

To top