Радио Милева сама на себе - доволна...

Александра Накова е најсекси газдарица на една „модна продавница“: Сама си ги рекламира своите модни парчиња, кои потоа се продаваат како колачиња! (ФОТО)

Александра Накова е најсекси газдарица на една „модна продавница“: Сама си ги рекламира своите модни парчиња, кои потоа се продаваат како колачиња! (ФОТО)

Александра Накова, за некого старлета, за некого топ модел, за сите од пред една година газдарица на моден бутик во нејзината родна Гевгелија. Раскошната убавица токму неодамна ја прослави првата година од отворањето на своето продажно модно катче, својот бутик за женска гардероба во најјужниот град од  Македонија, со што Накова стана дама што не само носи или рекламира туѓа брендирана облека, туку и некоја што продава сопствена залиха на разни модни парчиња, во својата „куќа на модата“.

Прославата на годишнината, особено на првиот роденден не минува без торта… Овој пат направена во облик на шапката на англиската кралица!

За ваквите јубилеи обично се подготвуваат и прават и модни ревии, но Накова како за првпат решила самата да си приреди „ one woman fashion show“.

Впрочем на ваква убавица од газдарица, манекенки и не и се потребни, зашто кој друг подобро од неа би ги рекламирал нејзините модели и модните парчиња што таа ги продава во својата „модна продавница“?!

Стегната во секси боди со изразен колорит кое ги нагласува незините бујни облини и долгите нозе или раскопчана до папок во  палто и ништо под него, со високи чизми до препони, гевгелиската убавица покажува дека е најсекси убавица.

Епитет кој со право може да го понесе, зашто што и да облече нема вистински маж што со поглед нема „да ја соблече“… Едноставно, Накова со секое модно парче пали жарче во оние што ќе ја видат…

Како и да е две нешта се повеќе од евидентни: Александра Накова е најсекси газдарица на една „модна продавница“ во Македонија. Затоа нејзе и не и требаат манекенки да направи модна ревија. Самата е доволна наместо да прошета по модна писта, да се слика во некој од новите модели, во или пред својата „куќа на модата“, па нејзините модни парчиња да се продаваат како колачиња.

До душа, тие не баш на секоја и стојат како на расната сопственичка што ги рекламира, ама тоа е веќе друга тема на која вреди друг пат да се дебатира!

Фото: Инстаграм принтскрин/nakovaaleksandra__official

 

To top