Радио Милева
„зачаран„ круг

Александра Накова демантираше дека е позитивна на коронавирусот, арно ама… Ако ПЦР тестот не лаже, тогаш кој ја „мафтосува“ јавноста? (ФОТО)

Александра Накова демантираше дека е позитивна на коронавирусот, арно ама… Ако ПЦР тестот не лаже, тогаш кој ја „мафтосува“ јавноста? (ФОТО)

Пo  написите во домашните портали дека една македонска старлета која се забавуваше во Белград, се вратила во Македонија и е позитивна на Ковид-19 , па наместо во домашен карантин заминала на базен во Гевгелија  каде што била уапсена бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, се огласи и самата на социјалните мрежи за да ги демантира информациите.

Имено, поранешната македонска манекенка и учесничка во реалното шоу ,,Преживеан“ (Ѕurvivor), Александра Накова се огласи на своите профили на Фејсбук и Инстаграм за да ги демантира написите во медиумите дека таа била позитивна на коронавирусот.

Да ве потсетиме, само мал дел од медиумите во земјава се појавија со тврдење дека македонската старлета се вратила Ковид -19 ПОЗИТИВНА во земјава.

Останатите го пренесоа соопштението на МВР, дека наводно Накова само  била лишена од слобода на базенот во Гевгелија, заради непочитување на мерките за пропишаната самоизолација по враќањето во Македонија:

„На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат. По комплетирање на случајот, за А.Г. ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик. Известен е Јавен обвинител, а лицето било спроведено во државен карантин“ – стои во податоците од билтенот на МВР.

Во својот демант атрактивната гевгеличанка пак, го тврди спротивното: Дека ги испочитувала првичното Решение за 14 дневна самоизолација во целост, а како доказ дека е НЕГАТИВНА на Ковид 19 го приложува резултатот од тестот направен во текот на вчерашниот ден (03 јули 2020 год.) во една реномирана скопска приватна клиника.

Оттука сега произлегуваат и дилемите и нејаснотиите, но и мистеријата, како тоа на 02 јули 2020 год. Александра Накова е лишена од слобода, односно приведена на базен во Гевгелија по што треба да биде  спроведена во државен карантин, а веќе следното утро прави ургентен  PCR  молекуларен тест за детекција на корона во Скопје, чиј  негативен резултат потоа го приложува на јавноста?

Со резултатот атрактивната убавица ги демантираше написите за тоа дека е позитивна или можеби се’ уште позитивна на Ковид 19, зашто од нејзиното враќање во земјава поминаа повеќе од 14 дена, како што и самата тврди. Што значи дека под претпоставка и евентуално тогаш да била позитивна при влезот во земјава, денес Ковид 19 тестот реално може да биде НЕГАТИВЕН.

Но тогаш зошто некој би ја лишувал од слобода и приведувал, ако периодот на самоизолација од 14 дена веќе поминал, а тестирањата покажале дури и да била заразена, ако воопшто и била, дека сега е излечена?

Од друга страна пак, е многу чудно  зошто медиумите би имале потреба од пласирање невистинити  информации за Александра Накова, и што е уште почудно, зошто и дали воопшто МВР би си дозволило да испраќа лажно соопштение до нив?

Секако дека – НЕ, по што се наметнува дилемата, кој – кого или поточно кој ја „мафтосува“ јавноста во овој „зачаран круг“?

 

 

 

Останати вести од Радио Милева