Радио Милева
убав ден за темен тен

Александра Младеновиќ на комшиите им крена се’ живо… од температурата до адреналинот: Додека таа се сонча во дворот, тие се потат! (ФОТО)

Александра Младеновиќ на комшиите им крена се’ живо… од температурата до адреналинот: Додека таа се сонча во дворот, тие се потат! (ФОТО)

Младата ѕвезда на Гранд, Александра Младеновиќ е позната по тоа што е голема мераклика да го покаже своите телесни адути. Од фустани со шлиц до препони, до длабоки деколтеа.

Овој пат седејќи дома во 4 ѕида, пејачката очигледно уморна од карантинот, реши да најде компромис: Да биде умна и фина и да ги почитува правилата на изолација, а во исто време и да се соблече за да се сонча, па неизбежно и да ги покаже раскошните атрибути.

Сопственичката на хитот “Љубов или лудило”, предизвика вистинско лудило, откако одлучи да се соблече во мини бикини во дворот, па така седната на меката зелена трева, крена врева, откако смело го покажа своето секси тело. Всушност сексапилната Александра на комшиите им крена се’ живо… од температурата до адреналинот, зашто таа се сончаше во дворот, а тие се потеа!

 Летната фотографија од „зелената плажа“ во својот двор, пејачката ја објави на Инстаграм, со што дополнително ја вжешти атмосферата и на социјалните мрежи.


„Сончање во мојот двор“-  напиша Александра, по што многумина веднаш се понудија да се стават на располагање.

Едни за да и го намачкаат грбот и телото да не изгори, други да ја послужат со нескафе, сладолед, свежо овошје или ладен пијалок, трети и понудија лежалка и сонцобран, а некои дури и својот двор со базен, уверувајќи ја пејачката, дека така ќе има и потемен тен и поубав ден. И таа и тие…

Останати вести од Радио Милева