Радио Милева страв

Александра Младеновиќ си ја отвори душата: Губењето на невиноста за пејачката е најтрауматичното искувство кое го доживеала (фото)

Александра Младеновиќ си ја отвори душата: Губењето на невиноста за пејачката е најтрауматичното искувство кое го доживеала (фото)

Александра Младеновиќ си ја отвори душата и проговори за своите најголеми љубови, но откри дека за неа бил трауматичен моментот кога ја изгубила невиноста.

Таа во една прилика откри дека долго време штедела за два стана во „Белград на вода“ и дека „живее од лебот и ајварот на мајка и“, а се пофали и дека купува уште еден стан во Врачар.

Јавноста е заинтригирана и за љубовниот живот на оваа млада пејачка, а Александра сега откри дека за прв пат се заљубила на 13 години во седум години постариот Бојан. Меѓутоа, нивната љубов „пукнала“ кога тој заминал во војска.

Шест години по првиот бакнеж пејачката ја доживеала  првата интимна врска: „На 19 години се заљубив во момчето со кое ја изгубив невиноста. Урош го запознав на свадба на која пеев.

– Таа вечер не падна ниту бакнеж, туку неколку дена подоцна, кога се запознавме во еден клуб. Бевме заедно три години. Кога требаше да спиеме за прв пат, имав невиден страв. Тоа беше трауматично искуство за мене бидејќи се чувствував ужасно, затоа што веќе не бев невина. Низ тоа ми поминуваше низ глава дека никој повеќе не би сакал да биде со мене. Страшно е! Дури се чувствував виновна што го направив тоа“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

To top