Атрактивната Александра Мастелица во модниот едиторијал за српски Телеграф игледа повеќе од секси. Оваа долгонога убавица многу сака да патува, а следната дестинација што би сакала да ја посети е Индија.
Тренирала пливање, одбојка и кошарка уште кога била помлада, а потоа во 2006 година победила на изборот за Мис Туризам.
„Практикувам јога и одам во теретана 4-5 пати неделно. Слушам разновидна музика, а во последно време уживам во џезот. Обожавам да одам на кино. Претежно гледам комедии“ – вели згодната Александра.
Исто така, таа сака и животни и открива дека дома има и две кучиња – јоркширски териер и чивава, па слободното време го минува шетајќи со нив во природа.
За неа важат овие правила во исхраната.
„Се обидувам да јадам што е можно поздраво. Мојата диета главно се заснова на овошје и зеленчук. Јас сум веган и не јадам ништо од животинско потекло. Не носам ниту крзно“ – децидна е оваа убавица.
Иако многу мажи ќе бидат разочарани од овие информации, Александра е вљубена, а човекот кој ја освоил е духовит, внимателен и висок.
„Мажите кои испраќаат пораки за добро утро, никогаш нема да излезат од мода“ – признава таа.
Фото: Јанко Масловариќ/ Телеграф.рс