Водителката Александра Илиевска по речиси една година пауза повторно се врати на ТВ екраните.
Имено, Александра која го водеше кулинарското шоу „Брза кујна“ претходната година замина на породилно отсуство бидејќи остана бремена со ќеркичката Сара која ја роди на почетокот на годината.
По паузата, водителката повторно се врати на ТВ екраните и тоа со нов ангажман и на нова телевизија.Имено, Илиевска е дел тимот на утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија.
Нејзината колешка Милена Антовска замина на породилно отсуство бидејќи е бремена по вторпат, а на нејзино место дојде Александра.
Водителката е активна на „Инстаграм“, па речиси секојдневно објавува постови од новото студио, некогаш сама, а некогаш со нејзината колешка Бубе Јаневска.
Oна што може да се забележи е дека Александра изгледа во топ форма и блеска само неколку месеци по породувањето, а нејзините следбеници по фотографиите ја опсипуваат со позитивни коментари и дека изгледа прекрасно.
Неодамна, Александра на својот „Фејсбук“ го сподели и текстот на вистина.мк дека е дел од утринската програма на Канал 5, а под истата доби многу честитки и желби за успех.
„Прекрасна си“, „Убавица“, „Перфектна“, „Граѓани на Македонија среќен сум што имам вакви комшии како Александар и Александар, други зборови не постојат што би можел да се изјаснам“, „Ајде со среќа и само успеси“, „Не ја бидува Брза кујна без тебе, се друго беше имитација“ се само некои од коментарите кои може да прочитаат.
Инаку, Сања Савеска заедно со шеф Марк и шеф Никола останува да биде дел од кулинарското шоу „Брза кујна“.