Водителката Александра Илиевска претходната година замина на породилно отстувто и не беше дел од „Брза кујна“. На нејзино место дојде Сања Савеска која останува да биде домаќин на кулинарското шоу.
Александра во јануари оваа година за првпат се реализираше во улогата на мајка и ја доби ќеркичката Сара.
По неколку месеци, Илиевска се врати на ТВ екраните и сега е дел од утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија.
Имено, Александра дојде на местото на водителката Милена Антовска која е бремена по вторпат и треба да се породи во јануари.
Во интервју за „Женски магазин“, Александра откри дека за неа почетокот бил тежок, од една страна поради прилагодување на новиот тим, од друга страна поради нејзиното 8,5 годишно бебе.
Водителката вели дека како и на секоја мајка, не и било лесно да ја остави ќеркичката и многу размислувала пред да се врати на ТВ екраните.
-Да, чуствувам грижа на совест и ми провејува мислата дали ја оставив многу рано, дали може згрешив но на овие прашања ќе одговори времето, а се надевам бар до сега одлуката мислам дека е исправна бидејќи кога ќе се вратам дома таа е среќна во прегратка и игра со баба и дедо, а јас исполнета“, додава младата мајка.
Илиевска откри како се чувствува со новите колеги и новиот тим.
-Во Канал 5 е одлично, тимот амбиентот и работниот предизвик. Имам супер колеги и одговорни, одлична нова патека на која мислам дека успехот е загарантиран, секако со многу посветеност и тимска работа“, вели Александра за „женски магазин“.
Таа на социјалните мрежи често и споделува фотографии од студио, а може да се забележи дека по неполна година од породувањето изгледа во топ форма.
фото: инстаграм/александра илиевска