Радио Милева

Александра Илеивска позираше со трудничкото стомаче, а нејзината колешка не остана должна да и поласка

Александра Илеивска позираше со трудничкото стомаче, а нејзината колешка не остана должна да и поласка
фото: принтскрин/инстаграм/александра илиевска

Малото семејство на водителката Александра Илиевска и нејзиниот сопруг Александар наскоро ќе се прошири за нов член, односно тие ќе станат родители на нивното прво дете.

Токму поради и тоа, Илиевска не е дел од оваа сезона на кулинарското шоу „Брзо кујна“.

Неодамна во интервјуа за нашиот сајт www.vistina.com.mk, Илиевска откри детали и како изгледа бремноста во 35тата година.

„Да се биде во можност да создадете живот е еден од најубавите подароци што им се дава на жените. Сметам дека никогаш нема да сме целосно подготвени за сй во животот, а во многу наврати животот ни докажува и покажува дека не секогаш работите можеме да ги планираме. Најдобро е да уживате во сй што ви се случува и кога ви се случува бидејќи некои работи во животот едноставно требало да се случат кога тоа бил вистинскиот момент.

Бременост, брак, купување на кола, стан или што и да ви е во моментот на ум… Секогаш барајте позитивни работи во негативните исходи, бидејќи каде што е застапена црната боја, секогаш се надополнува белата за баланс. Верувајте им на интуицијата и срцето, тие никогаш нема да ве излажат. Секогаш имајте резервен план. Бидете смирени, бидејќи секој проблем има решение, ако нема, створете го вие, изјави водителката.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/aleksandra-ilievska-otkriva-detali-za-bremenosta-i-ja-spodeluva-nejzinata-lista-za-podgotovka-napravena-vo-liberta-bebe-centar-foto/

Таа периодов е актуелна на социјалните мрежи на кои често знае да позира со своето трудничко стомаче. Од објавите може да се забележи дека Александра блеска, а најчесто се вели дека сјае кога е во блажена состојба, па таков е случајот и со Илиевска.

фото: принтскрин/инстаграм/александра илиевска

Имено, деновиве идната мајка на „Инстаграм“ објави фотографија на која позира во виолетов долг фустан држејќи се за нараснатото трудничко стомаче.

„Да се ​​биде бремена значи секој ден е уште ден да  сум поблизу да ја запознам новата љубов во мојот живот“, напиша Александра.

фото: принтскрин/инстаграм/александра илиевска

Фотографијата доби над илјадници лајкови, а под објавата се најде и коментарот на нејзината колешка Елена Стојановска:„Преубави си“.

фото: принтскрин/инстаграм/александра илиевска

Инаку, Александра треба да се породи на почетокот на февруари.

Останати вести од Радио Милева