Радио Милева најмладата

Александра и Кристина ги знаете, а ова е третата ќерка на покојниот Корнелије Ковач (фото)

Александра и Кристина ги знаете, а ова е третата ќерка на покојниот Корнелије Ковач (фото)

Сите ги познаваат сестрите Александра и Кристина Ковач благодарение на успехот што го постигнаа во музиката.
Сепак, многумина не знаат дека имаат и трета сестра Ања.

Ања тргна по малку поинаков пат од нејзините сестри и работи како режисер, а своевремено имавме прилика да ја гледаме и во популарната тинејџерска серија „Неки нови клинци“ каде што таа ja глумеше Роки.

После тоа, таа не беше на малите екрани, а иако беше планирано продолжување на серијата, тоа не се случи бидејќи почина мајката на сестрите Ковач, Споменка, која беше и сценарист на серијата.
Ања тогаш имала само 15 години, а за неа се грижела нејзината сестра Александра.

-Кога нашата мајка Споменка не напушти предвреме по тешко боледување, ни за момент не размислував. Со безрезервна поддршка на Романо, целосно се грижев за мојата најмлада сестра Ања, која тогаш беше само девојче, а сега е зрела, високообразована жена која успешно работи во својата област, како асистент на режисер. Се надевам дека барем успеав да и го надополнам недостатокот на мајка – изјави еднаш Александра за Hello.

фото:Принтскрин/Јутјуб

To top