Радио Милева и недостигаат интимни врски

Александра Бурсаќ со години е сама – поранешното момче ја изневери со старлета па сè уште не го „фатила“ вистинскиот (фото)

Александра Бурсаќ со години е сама – поранешното момче ја изневери со старлета па сè уште не го „фатила“ вистинскиот (фото)

Александра Бурсаќ искрено признава дека нема среќа во љубовта, но и дека и недостигаат интимни врски.

Пејачката Александра Бурсаќ одамна е „сингл“ и  сè уште не се омажила, а исто така смета дека треба да биде поостра кон луѓето, но не и да гради кариера на скандали.

Вели дека е љубезна и фина и дека ја чинело што не достигнала одредено ниво што го заслужува, па затоа не напредувала како некои нејзини колешки.

“Ако треба да станам голема ѕвезда преку скандали, тогаш подобро не. Не сум таква и не можам да се  форсирам. Засега ми е добро. Мислам дека можам да направам големи хитови, а не скандали. “ изјави пејачката која сите се прашуваат кога ќе стапне на лудиот камен.

„Сите ме прашуваат, тоа веќе е постојано прашање… Вистинска љубов не ми се случила и со години сум сама“, отворено признала таа, а исто така кажала дека и недостигаат и интимни врски.

“Како не ми  фали! На емирот дури му реков дека нешто ми излезе на лицето, а тој ми кажува кој лек да го пијам. А јас велам: “Емир, знам што ми треба”. Да не сфатат луѓето погрешно, но тоа и треба на секоја жена и на секој маж. Не само тоа, љубов, сè“, вели Александра, која нема недостиг од додворувачи.

Не велам дека не ме бркаат мажи, но немаме ништо меѓусебно“, заклучила пејачката која неодамна уживала на Малдивите.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/bursacaleksandra_official

To top